Насловна / Вести / Мегаинфраструктура: Се гради мост преку Панамскиот канал

Мегаинфраструктура: Се гради мост преку Панамскиот канал

Панамската влада доделила 1,4 милијарди УСД за изградба на мост преку Панамскиот канал на еден кинески конзорциум. „Панама бележи напредок во односите со Кина, и овој проект, чија изградба сега започнува, недвосмислено е дел од таа порака и доверба помеѓу двете земји“, изјави панамскиот претседател Хуан Карлос Варела. Изградбата на мостот е еден од најголемите градежни инфраструктурни проекти во историјата на Панама, додал претседателот.

Конзорциумот „Панама Куарто Пуенте“, го сочинуваат China Communication Construction Company (CCCC) и China Harbor Engineering Company (CHEC), и доверена им е работата на проектирање и изградба на мостот преку Панамскиот канал.

Инаку, тој ист кинески конзорциум гради и трет мост преку Панамскиот канал (Атлански мост, долг 2.820 метри), чие завршување се очекува идната година.

panama1

panama2

panama3

Испрати коментар

Scroll To Top