Италијанските истражувачи од Partenope University во Неапол, преку проушување на неколку мегаградови, заклучиле дека еколошките предности на дрвјата во таквите градови би можеле да се удвојат, со само 20% повеќе посадени стебла. Некои од предностите се: намалување на загадувањето на воздухот, пониски урбани температури, помала потрошувачка на енергија во зградите, намалување на емисиите на јаглерод диоксид, со што може да се направи заштеда и до 350 милиони британски фунти на годишно ниво. Во Студијата биле вклучени познатите примери на шуми во големите градови, од Централ парк во Њујорк до Bosque de Chapultepec, во Мексико Сити. Речиси 10 % од светското население во моментот живее во мегаградови, односно градови со минимум 10 милиони жители.