Во Кина се гради највисокиот стаклен мост во светот со поглед на смртоносна бездна.
Новиот гигантски стаклен мост што ќе се надвисне над 385 метри широкиот и 300 метри длабокиот Zhangjiajie кањон во провинцијата Хунан во Кина е во завршна фаза на изградба.
Дизајниран е од страна на израелската архитектонска компанија „Хаим Дотан“. Мостот ќе биде долг 430 метри помеѓу потпорните столбови и кога ќе биде завршен ќе биде најдолгиот и највисок мост од овој вид во светот.
Изградбата треба да заврши до јули, а мостот ќе биде отворен во октомври. На него, истовремено можат да бидат 800 луѓе.