Насловна / Архитектура / Медитеранска куќа во синергија со природата

Медитеранска куќа во синергија со природата

Вилата Nemes е семејна куќа од 200 квадратни метри, лоцирана во ридовите на Италија со поглед кон заливот на градот Империја, во склоп на Лигуриската ривиера.

Оваа вила зрачи со медитеранска суштина и ја зачувува природната средина, а нејзината камена фасада се вклопува во амбиентот, создавајќи хармонија меѓу самата вила и околината во која се наоѓа.

mediteran

Традиционалната камена фасада е клучот кога станува збор за дизајнот, и создава флуидност меѓу екстериерот и ентериерот. За време на изградбата, Giordano Hadamik Architects користеле природни ресурси добиени со локално ископување и подготовка на локацијата, така што целиот проект носи еколошки одржлив дизајн во комбинација со иновативен систем за дренажа, вентилација и изолација.

Со цел медитеранската вила да се спои уште повеќе со природата, дизајниран е и зелен покрив, со цел да се намали визуелниот ефект на вилата и да се зголеми врската со пределот. Теренот околу куќата е исто така опкружен со медитерански растенија што дава дополнително чувство на синергија.

mediteran1

Вилата Nemes е целосно изолирана според стандардот на Институтот за пасивна куќа. Неговата дрвена тераса гарантира максимално прилагодување кон земјата, а зелениот покрив, покрај природниот ефект, ја намалува и температурната разлика.

Големите прозорци придонесуваат и за совршена комбинација на куќа и природа, што овозможува природното осветлување целосно да се користи. Покрај тоа, куќата е опремена со одржливи извори на енергија како што се соларни и фотоволтаични панели.

mediteran2

Божествен дел од оваа семејна вила е исто така и базенот кој е без рабови и кој е свртен кон морето. Дава илузија на спојување со хоризонтот, што придонесува за дополнително чувство на луксуз и ја прави оваа вила идеален дом во близина на морето.

Централниот влез е клучна точка и води кон пространата дневна соба, срцето на оваа куќа, и е дизајнирана да поттикне социјална интеракција. Големите прозорци на дневната соба, кои гледаат кон морето, ја прошируваат дневната соба кон надворешноста и овозможуваат директен пристап до бесконечниот базен за целосно единство на просторот.

mediteran3

Она што ја прави специфична оваа вила е воздушестиот и светлиот простор. Стилот е минималистички, карактеризиран со употреба на неколку висококвалитетни материјали како дрво и камен. Секое одделно парче мебел ја игра својата улога, исполнувајќи го целиот простор со функционалност и висока естетика.

Мебелот од широката дневна соба, кујната, барот и библиотеката, како и кујнската маса и столиците, се карактеризираат со топла нијанса на дрво и стануваат уникатна целина на медитеранското и модерното.

mediteran4

Централниот влез служи и како врска меѓу дневната соба, кујната и другата страна на вилата, со пет спални соби. Секоја спална соба е опремена со приватен простор на отворено со поглед на море за да му се даде слобода и отвореност на просторот на секој член на овој дом.

Дабово дрво, камена фасада, базен и полуотворена дневна соба е она што архитектите на овој проект успешно го истакнале.

mediteran5

mediteran6

Комбинацијата со природата, која овозможува импресивен поглед на долината и морето и изложеноста на сонцето се клучните елементи за дизајнот и декорацијата на оваа прекрасна вила. Она што го прави убаво, и дење и ноќе, е уникатното осветлување кое ги нагласува традиционалните камени sидови и создава ноќна атмосфера во која е задоволство да се остане.

mediteran7

mediteran8

Испрати коментар

Scroll To Top