Насловна / Арт и дизајн / „Oh, it rains!“ на Филип Старк

„Oh, it rains!“ на Филип Старк

B&B Italia ја претстави колекцијата мебел за екстериери дизајнирана од Филип Старк. Ова е прво дело на ѕвездата на францускиот дизајн за овој бренд.

4_resize

Колекцијата добила ироничен наслов „Oh, it rains!“ и е вистинска иновација, како што вели Старк: „Не станува збор за стилови или трендови, таа штити од дожд. Тоа се висоги технологии на услуга на висок квалитет, висока интелигенција и најголем комфор.

7_resize

Кратко и јасно, колекцијата вклучува кауч и фотелја – двата предмета се разликуваат по лаконски, елегантни форми и совршени се за приватни и јавни екстериери. Високите наслони овозможуваат заштита од ветер и лоши временски услови, а служат и како своевиден екран кој ви овозможува да се оградите од сите и создадете удобен простор. Мирната палета на топли, природни нијанси и водонепропусните материјали ја прават оваа новина, навистина неопходна за летни активности на отворено, особено во комбинација со камени масички за кафе“.

3_resize

2_resize

6_resize 5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top