Конзолата Мобиус е парче мебел кое има синусоидна скулптурална форма. Како името што го носи, неговата извиена форма доаѓа од инспирацијата од Модиусовата лента, која е површина со само една страна и само една гранична компонента. Тоа што ја прави оваа конзола фасцинантна е фактот што е изработена од дрво.
Дизајнирана од Pierre Renard, од Франција, Мобиусовата конзола можеби изгледа дека е флексибилна, но имајќи го предвид фактот што е изработена од доста ригиден материјал, веднаш дознаваме дека е постатична отколку што ние мислиме. Интересното розеникаво дрво ја прекрива структурата од карбонски влакна.
Бидејќи елементот го доживуваме повеќе како уметничко дело отколку како парче мебел, конзолата Мобиус може да биде изложена во некој галериски простор.