Насловна / Архитектура / Matrix One: Внатрешните ѕидови можат да се преместуваат, а целата зграда може да се демонтира

Matrix One: Внатрешните ѕидови можат да се преместуваат, а целата зграда може да се демонтира

Познатото холандско архитектонско студио MVRDV во Амстердам, ја заврши својата енергетски ефикасна лабораторија и деловна зграда Matrix One. Станува збор за напредна филозофија на дизајн која е фокусирана на флексибилноста. Самата конструкција е од демонтажен тип и над 90% од деловите можат да се рециклираат. Matrix Innovation Center се наоѓа во амстердамскиот научен парк и се состои од седум згради. Најголема од нив е токму Matrix One. Во овој центар научниците и претприемачите пронаоѓаат најдобри одржливи решенија за актуелните и идните прашања.

matrix1

Matrix One има шест ката и површина од 13.000m2. Овде се сместени канцеларии и лаборатирии на компаниите кои се занимаваат со технологија и одржливост, како што се Qualcomm, Photanol и Skytree. Планиран е да биде центар на околниот кампус, со големи скали за собирање, седење и интеракција. Централниот атриум е простран и исполнет со природно светло.

matrix2

Matrix One може да се демонтира и да се реконфигурира бидејќи MVRDV посебно води грижа за тоа.  Внатрешните ѕидови може да се преместуваат, така што корисниците ќе можат да го прилагодуваат просторот на своите потреби.  Формирана е дури и база на податоци за користените материјали, со цел околу 120.000 градежни компоненти повторно да можат да се употребат. Frans de Witte, партнер во MVRDV, истакнува дека ова била прилика за тестирање на различни стратегии за намалување на јаглеродните емисии, кои оваа компанија ги истражувала во текот на подолг период. Тој истакнува дека оваа зграда е моментално најмодерна и дека благодарение на флексибилноста на внатрешниот простор, лесно е прилагодлива на идните барања и стандарди, а на крајот и да се рециклира.

matrix4

На покривот се наоѓаат фотонапонски панели со површина од 1.000m2, додека остатокот од покрвот е прекриен со зеленило.  Во зградата максимално се користи природно осветлување и вентилација, а постои и резервоар за собирање на дождовница. Внатрешниот распоред ги стимулира оние кои се физички способни да ги користат скалите наместо лифтовите. За вработените кои одат со велосипед на работа, обезбеден е паркинг за велосипеди. Овој проект поради својот енергетски ефикасен дизајн го добил стандардот за зелена градба BREAAM.

Испрати коментар

Scroll To Top