Насловна / Архитектура / Matrix Office Park – првиот LEED Platinum сертифициран бизнис центар во Хрватска

Matrix Office Park – првиот LEED Platinum сертифициран бизнис центар во Хрватска

Новиот бизнис центар во Загреб е изграден следејќи ги растечките потреби од канцелариски простор. Идејата да се создаде во градот единствен и пријатен работен простор за околу 1400 вработени од различни компании е стара околу 20 години. Конечно пред 3 години Загреб тргна во реализација на она што денес претставува модерен деловен комплекс со околу 21.000 метри квадратни расположива површина сместена во две згради – Matrix A и Matrix B.

Matrix1

matrix2

Matrix Office Park е единствениот LEED Platinum сертифициран бизнис центар во Хрватска и само втор објект генерално кој има ваков сертификат во земјата. LEED Platinum сертификацијата, доделена од страна на American Green Building Council (USGBC), потврдува дека зградите се развиени на најодржливиот можен начин, земајќи ја во предвид потрошувачката на вода, енергетската ефикасност, изборот на безбедни и природни материјали, квалитетот на воздух, природното осветлување и сл.  За време на изградбата на Matrix Office Park, посветено е особено внимание на заштита на животната средина, следејќи ги најдобрите практики во однос на одржливоста и енергетската ефикасност. Притоа, користени се 21% рециклирани материјали, 84% регионални материјали, додека над 89% од отпадот кој се создал на градилиштето бил рециклиран. Matrix Office Park користи геотермална енергија за греење, дождовница за наводнување на зелените површини (парцијален зелен покрив) и има значително пониска вкупна емисија нa CO2 од конвенционалните објекти.

matrix3

matrix4

Испрати коментар

Scroll To Top