Насловна / Вести / „Математичките принципи“ на Њутн се најскапата научна книга

„Математичките принципи“ на Њутн се најскапата научна книга

matematicki-principi-njuton1

На аукцијата во „Кристи“, првото издание на книгата „Математички принципи“ (Philosophiæ Naturalis Principia Mathematica) од Исак Њутн достигна енормна цена од три милиони фунти, и на тој начин стана највредното печатено дело во областа на науката. Првото издание на Њутновото дело познато под латинскиот наслов Principia Mathematica датира од далечната 1687 година. Во таа студија се содржат сознанијата поврзани со законот за гравитација и движењето на планетите, што ја чини основата за примена на математиката во решавањето на физичките проблеми.

Copy shots of Principia Mathematica holding in Burns Library

Алберт Ајнштајн ја сметал оваа книга за, можеби, најголемиот интелектуален исчекор на човекот, додека  Кит Мор, управникот на библиотеката на британското Кралско друштво, неодамна изјави дека не се работи само за значајно научно дело туку за едно од најголемите цивилизациски достигнувања, пренесува Гардијaн.

kristis-aukcija

Principia Mathematica ги постави темелите на класичната механика. Настојувањето на Исак Њутн математички да се опишуваат физичките појави, ги поставува стандардите кои современата физика и денес ги следи.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top