Волфганг Стилер работи како уметник речиси 40 години. Се соочил со падот на Берлинскиот ѕид и врвот на популарната култура во Њујорк. Стилер е современ мултимедијален уметник, со своите уметнички дела кои опфаќаат скулптура, цртеж и инсталација, прикажувајќи комплициран, но суптилен интерес за телата и организмите, луѓето, преку размер, тема и материјалност.
Роден во Визбаден, Германија, Стилер живеел и работел во Соединетите Американски Држави, Турција, како и во Шангај, Кина, работејќи како гостин професор на NYU. Во 1981 година започнал да студира Комуникациски дизајн во GHS Wuppertal во Германија, но сепак се фокусирал на сликарството и инсталации.
Подоцна основал свое студио, кое некогаш било старо поткровје на фабрика, бидејќи имал огромен афинитет кон ликовната уметност. Уметничката практика на Волфганг почнала брзо да се развива и набрзо еден негов пријател го донел сопственикот на галеријата, каде што работел, во ателјето на уметникот.
Галеристот бил импресиониран од идеите на Вофганг и донел познат сликар и професор на престижната уметничка академија „Kunstakademie Düsseldorf“. Неколку месеци подоцна Волфганг бил примен на оваа академија каде што продолжи да го следи својот уметнички пат и да го развива својот талент и стил.
Волфганг Стилер во текот на својата кариера работел и патувал низ многу земји. Патувањата му се многу битни, бидејќи на уметникот му пружаат многу искуство и изложување на различни култури и затоа се многу важни во развојот на неговиот уникатен опус. Уметникот се осврнува на силен општествен коментар преку темата што ја избира, но сериозноста на истата е секогаш избалансирана со разиграност.
„Matchstickmen“ е веројатно најпрепознатливата серија на скулптури на Волфганг Стилер. Тој започна да ја прави оваа серија во Кина, што било исклучително успешен и уметнички плоден период за Волфганг. Секоја скулптура е чкорче кибрит со изгорена глава. На германски „Streichholzkopf“ има буквално значење на вистинска „глава“, што ја нагласува убавината на споредбата помеѓу чкорче од кибрит и човечковото согорување.
Многу луѓе веруваат дека изгорените глави од кибрит го претставуваат „синдромот на прегорување“, состојба која се јавува по долготраен стрес на работа, кој се карактеризира со депресија, исцрпеност и намалена верба во сопствените професионални способности. Сепак, уметникот претпочита нивното значење да го остави отворено, бидејќи силно верува дека уметноста треба да остави простор за сопственото размислување и имагинација.
Волфганг работи со едноставни, вештачки форми. Тој никогаш не создава органски предмети велејќи: „Тоа не би било предизвик. Ми изгледа бескорисно да се натпреварувам со природата – да се обидам да ја ископирам. Неприродното е она што ме интересира: скриениот шарм што можеме да ги најдеме во грдите индустриски објекти“.
Волфганг ги објаснува процесите на својата работа: „Значењето и содржината на едно дело расте додека сум во процес на извршување физичка работа. Тие изгорени чкорчиња може да се читаат како истрошени или изгорени човечки суштества. Сите глави што ги користев досега се од Кинези. Ова понекогаш води до претпоставка дека ова е критика на кинеската влада. Може да се чита на тој начин, но мислам дека оваа метафора може да се користи и за секој западен систем“.
Според мислењето на уметникот, човечката глава, без тело, е фасцинантна тема за истражување, бидејќи таа е центарот на човечката психа и личност, а за него е најдобар начин да размислува за оваа тема е уметноста.
Волфганг силно верува во моќта на занаетчиството и дека тоа е суштински дел од уметничкото патување. Тој го разработува значењето на секое уметничко дело преку количината на физичка работа што ја вложува во него и изборот на материјали. За да ја најде конечната форма за „The Matchstickmen“, му биле потребни многу години. Неодамна направил Matchstick Men во бронза и користел различни патини за да постигне уникатна идеја во секој предмет.
Волфганг го стекнал своето образование на Академијата за ликовни уметности Kunstakademie Düsseldorf и добитник е на повеќе награди. Имал повеќе од 140 самостојни и групни изложби, а неговите уметнички дела се претставени во меѓународните музејски збирки на Wuhan Museum of Fine Art, Вухан (Кина); Pfalzgalerie Kaiserslautern (Германија); Museum K.E.Osthaus Museum, Хаген (Германија); Јавната колекција Land Hessen (Германија) и Museum Bochum (Германија).