Насловна / Вести / Маска против коронавирус со која може да се јаде

Маска против коронавирус со која може да се јаде

Истражувачи од Израел направиле маска за лице против коронавирусот, која не мора да се симнува за време на јадење.

Untitled_resize

Со помош на далечински управувач, маската се отвара и овозможува да се јаде, како резултат може да има помал ризик при посета на ресторани. Функционира така што со притискање на рачка се отвара предниот дел на маската.

mask_resize

„Маската механички се отвара со помош на далечинско, а може и автоматски, кога ќе и се приближи вилушка“, објаснува Asaf Gitelis, потпретседател на компанијата со седиште во околината на Тел Авив, „Avtipus“.

„Со користење на овие маски, можете да јадете, пиете и уживате заштитени од вирусот“, додава  Gitelis.

Од компанијата соопштиле дека планираат почеток на производство на овие маски за неколлу месеци и дека патентот веќе го пријавиле. Очекувана цена на маските е од 0,85 до 2,85 долари.

Испрати коментар

Scroll To Top