Сопственикот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, се спротистави на воведувањето на американски царини на кинеските електрични возила, истакнувајќи дека тој не поддржува мерки кои го уништувааат пазарот. „Ниту мојата компанијата, ниту јас, не сме барале вакви мерки, и навистина бев изненаден кога истите се објавија“, рекол Маск.
Американскиот претседател Бајден, претходно овој месец, воведе нови царински давачки за нива кинески производи, вклучувајќи ги и електричните возила, во намера да ја зајакне американската економија. Притоа, драстично е зголемувањето на овие давачки, токму кај електричните возила. Бајденовата администрација објавила дека новите мерки ќе ја погодат увезената кинеска стока во вредност од околу 18 милијарди долари.