Насловна / Вести / Маск го купи Твитер и вели: „Слободата на говорот е камен темелник на функционалната демократија“

Маск го купи Твитер и вели: „Слободата на говорот е камен темелник на функционалната демократија“

Шефот на Твитер, Параг Агравал, за време на обраќањето до вработените во градското собрание на Мајами рече дека судбината на платформата е неизвесна, откако компанијата ја прифати понудата на Илон Маск да ги купи сите акции за повеќе од 40 милијарди долари. „Сè е на вистинското место“, рече основачот на Твитер Џек Дорси, цитирајќи го бендот Radiohead, а Трамп тврди дека не се враќа.

0_resize

По веста дека најбогатиот човек на светот Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, почнаа шпекулациите за тоа каква е иднината на платформата и на кој начин директорот на „Тесла“ може да ја промени.

„Слободата на говорот е камен темелник на функционалната демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде се дебатираат клучните прашања за иднината на човештвото“, истакнал Маск.

Основачот на Твитер, Џек Дорси, во серијата твитови кои ги започна со песната на „Radiohead“ објасни дека иако не мисли дека некој поединец треба да го поседува или води Твитер, тој верува во Илон Маск.

„Во суштина, не верувам дека некој треба да го поседува или да управува со Твитер. Твитер сака да биде јавно добро на протоколарно ниво, а не компанија. Меѓутоа, решавајќи го проблемот, Илон е единственото решение во кое верувам. Верувам во неговото мисија да ја прошири светлината на свеста“, наведе Дорси.

2_resize

Дорси не ја крие љубовта кон Твитер

„Го сакам Твитер. Твитер е најблиското нешто што го имаме до глобалната свест“, вели Дорси, кој се повлече од местото извршен директор во ноември 2021 година.

Според Ројтерс, актуелниот директор на Твитер, Параг Агравал, им рекол на вработените дека иднината на таа социјална мрежа е неизвесна.

Нешто слично се случи неодамна, кога Маск организираше анкета на платформата во која ги покани корисниците да се изјаснат дали сакаат т.н. копче за уредување, кое Твитер упорно одбиваше да го додаде како опција.

Агравал тогаш изјави дека истражувањето треба да се сфати сериозно, а тогаш Маск веќе поседуваше нешто повеќе од девет отсто од акциите на компанијата.

А поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се врати на оваа платформа, дури и ако неговиот налог биде одблокиран.

Има многу отворени прашања за тоа како ќе се промени компанијата под водство на Илон Маск – дали ќе поттикне промени кои доцнеа со години, или ќе се обиде да отстрани некои од заштитните мерки против вознемирување и дезинформации.

3_resize

Што би можел Маск да направи со Твитер?

Во најлош случај, пишува „TechCrunch“, Маск би можел да го направи Твитер свое лично социјално игралиште. Во најдобар случај, тој ќе работи на подобрување на некои од долгогодишните проблеми што ја мачат платформата со години.

Во изјавата по купувањето, Маск рече дека сака „да го направи Твитер подобар од кога било“.

Вели дека ќе се подобри со нови функции, ќе создава алгоритми со отворен код за зголемување на довербата, ќе ги победи спам ботовите и ќе ја потврди автентичноста на луѓето, бидејќи Твитер, смета тој, има огромен потенцијал.

„New York Times“ објави дека на конференцијата TED овој месец, Маск разработил планови да го направи алгоритмот на компанијата модел со отворен код. Со ова ќе им овозможи на корисниците да видат код кој покажува како одредени објави се појавувиле во „timeline“.

Маск изјави дека методот со отворен код би бил подобар од тоа „твитовите мистериозно да се промовираат и деградираат без увид во она што се случува“. Значи, повеќе демократија, смета Маск.

1_resize

Тој претходно укажа на политизацијата на платформата и неодамна твитна дека политиката на која било платформа на социјални медиуми е „добра ако најекстремните 10 отсто од левата и десната страна се подеднакво незадоволни“.

За разлика од Фејсбук, Tвитер е релативно мала компанија со 7.000 вработени.

Холгер Мулер, аналитичар во „Constellation Research“, е оптимист за иднината на Tвитер со Маск на чело.

„Маск се враќа таму каде што започна – софтверот. Мислам дека тоа ќе биде клучно за да се осигура дека Твитер функционира независно и дека само ја подобрува понудата“, рече Мулер.

Дека враќањето на кодот не е неизвесно говори и податокот дека Маск во 1995 година ја основа Zip2, компанија која давала мапи и деловни именици на онлајн весниците, која подоцна е продадена на производителот на компјутери „Компак“ за 307 милиони долари. После тоа, Маск како коосновач го направи x.com, компанија за онлајн финансиски услуги која подоцна прерасна во PayPal, веројатно најпознатата алатка за онлајн трансфер на пари што eBay ја купи во 2002 година за 1,5 милијарди долари.

Испрати коментар

Scroll To Top