Помеѓу игра и иронија: ова е краток опис на оваа неодолива колекција на маси кои едноставно се создадени да внесат радост во секоја средина.
Дизајнерското студио Favaretto & Partners ја претстави својата нова колекција на прекрасни и разиграни странични маси кои се совршени за создавање разновидни и шарени катчиња во внатрешноста.
Поточно, новиот објект во колекцијата е масичката Amanda, окарактеризирана како парче мебел со „зелена“ душа, бидејќи е изработена од одржливи материјали.
Amanda доаѓа како дополнување на претходно лансираниот модел Ambrogio, кој всушност потсетува на мал домашен батлер кој секогаш е подготвен да ги задоволи желбите на својот сопственик.
Без разлика дали ви треба држач за чување книга, омилен пијалок, па дури и прибор за бања – оваа масичка е толку лесна и практична што може да се користи буквално во секој дел од домаќинството.
И двата модели имаат своја посебна приказна, а инспирацијата е од синот на Фаварет кој сакал да го види Ambrogio во брак, па набрзо му се придружила и Amanda.
Заедно, тие се идеални не само за станови и куќи, туку и за излози, продавници или која било друга средина на која и требаат помошници подготвени да поддржат сè што сакаат.
Овие прекрасни маси се направени од пластична мешавина од полиетилен и екоален, материјал кој може целосно да се рециклира.