Постојат повеќе начини да се направи еден машки дизајн на ентериер и истото не е ограничено со палета на бои кои го обележуваат овој род. Оваа куќа која е дизајнерско дело на Thee ID, дефинитивно е опуштено место каде човек може да го најде својот мир.
Овде не може да се најдат цвеќиња, нападни и живи бои. Наместо тоа овде се наоѓаат луксузни материјали од подот до плафонот кои формираат комфорен простор.
Дизајнот исто така е фокусиран на доведување на светлината и ширината во куќата, со хоризонталните мебел и украси и големите прозорски отвори покриени само со провидни ткаенини кои овозможуваат продор на светлина, се создава впечаток на поголем простор кој инаку е минималистички.
Главниот дневен простор во себе ги содржи дневната соба, трпезаријата и кујната. Дневната соба, која е средишен простор за средби и опуштање во куќата, доминира со мекиот кожен мебел, вклучувајќи ја и големата аголна гарнитура, како и фотелјата со висок наслон, кои се дизајнирани со чисти и елегантни линии.