Јапонските возови со текот на времето стекнаа легендарна репутација за точност и ефикасност. Сепак, понекогаш таа репутација доаѓа со цена, особено кога сте машиновозач и имате болки во стомакот.
Машиновозачот на еден од брзите возови во рамките на јапонската мрежа „шинкансен“ ја напушти локомотивата за да отиде до тоалет, додека возот јурел со 150 километри на час со околу 160 патници.
36-годишниот машиновозач го напуштил кокпитот на возот „Хикари 633“ на три минути и го замолил кондуктерот, кој нема дозволеа да управува со возот, да го одмени меѓу станиците Атами и Мишима во префектурата Шизуока.
Машиновозачот подоцна се извинил, оправдувајќи ја својата пауза во тоалетот со болки во стомакот.
Поради репутацијата на точност и ефикасност, возачот рекол дека за да не доцни, не сакал да го запре возот на најблиската станица.