Уметникот Pablo Gamboa Santos се откажал од четка и се свртел кон една необична алатка за својата уметност – машината за пишување. Тој реализирал серија интересни илустрации во кои се создава интеракција помеѓу ликовите и пејзажите направени од буквите на машината за пишување во проектот наречен QWERTY.
Буквите градираат од темни до светли и се поставени како долг хоризонт за креирање на неговите едноставни илустрации.
Кога за првпат ги изложил своите работи во Центарот за современа уметност во градот Quito, во Еквадор, уметникот ги распоредил во долга линија по галериските ѕидови, спојувајќи ги еднододруго и создавајќи „една“ слика во собата. Намерата му била набљудувачите без прекин да се движат низ целата приказна.