Машините за перење веш во моментот на сите пазари се користат во просек 11 години. Но според мислењата на експертите овие уреди мора да им служат на домаќинствата и до две децении, кога на сила ќе стапат новите прописи, кои ќе им бидат од корист на европските потрошувачи.
Како што пишува „Дојче веле”, електричните апарати во иднина ќе мора полесно да се поправаат, пропишува новата директива на Европската унија за еколошки дизјан. За да се продолжи рокот на траењењ на машините, произведувачите во ЕУ не само што ќе мораат да наведат точни податоци за потрошувачката на енергија, туку ќе мора и драстично да ги подобрат можностите за поправка на уредите, како што се машини за веш и за садови, фрижидери, монитори, сијалици…
Од нив се бара и да обезбедат делови за поправка најмалку десет години од денот на производството. Се претпоставува дека токму последното барање ќе биде најголем терет за оваа индустрија.
Како што се наведува, доклоку машините за веш би биле користени во Европа само една година подолго од досега, тоа би имало исто толку позитивен учинок на климата како 133.000 автомобили помалку на патиштата. Меѓутоа „Дојче веле” нагласува дека „новата уредба не се однесува на преносни компјутери и „паметни“ телефони“. Покрај тоа новата директива на ги опфаќа ниту клима уредите и малите куќни апарати, како машини за бричење, миксери, тостери…
Во преговорите за овие прописи учествувало и германското министерство за енергетика, кое се залагало за тоа, едноставните поправки да можат да ги извршуваат самите корисници (не губејќи право на рекламација), додека покомпликуваните кварови и понатаму би ги решавале сервисерите.
Европската унија практично планира да уведе таканаречено право на поправка. Планот на ЕУ, кој го разгледуваат и 18 држави во САД е мошне комплексен и контраверзен, а произведувачите истакнуваат дека предложените правила на поправка се премногу стрикни и дека ќе ги отежнат иновациите.
Меѓутоа активистите за заштита на потрошувачите се жалеле дека Европската комисија им овозможила на фирмите да го контролираат процесот на поправка, инсистирајќи поголем дел од уредите да ги поправаат професионалните мајстори кои се контролирани од производителите. Со тоа на останатиоте сервисери им се ограничува пристапот до резервните делови и информациите.
Помеѓу 2004. и 2012. година, од 3,5 отсто уреди кои се расипале во првите пет години на употреба дошло до покачување на 8,3 отсто.