Насловна / Вести / Машина која рециклира градежен материјал

Машина која рециклира градежен материјал

Дали сте знаеле дека во САД, зградите се одговорни за 39% од емисиите на јаглерод диоксид? Архитектот Chris Maurer  од Studiо redhouse  изјавил за Inhabitat  дека е горд што на својата професија, но дека со оваа цифра тешко се помирува. Во врска со тоа, поточно со цел да придонесе кон намалување на влијанието на градежната индустрија врз животната средина, тој се здружил со истражувачи од NASA,MIT и University of Akron, заради креирање на Biocycler, односно мобилна машина која буквално ги рециклира старите згради.

biocycler 3

biocycler 2

Машината користи живи организми, а не лепак, со цел поврзување на градежниот отпад во трајни тули кои може да се користат за изградба на нови објекти. Инспирацијата за Biocycler, Maurer ја пронашол во искуството, бидејќи имал прилика да биде на места каде се рушело.и да забележи дека често количините на отпад се навистина огромни. Во текот на проектирањето/повторната изградба, Studio redhouse планира да експериментира со мицелиум од печурки и микроби кои произведуваат калцит, и од тоа да направи материјали за врзување  кои би се користеле во Biocycler. Maurer објаснува дека „може да се направи симбиоза на микроби и печурки кои е се хранат едни од други, но и дека работат на корристење на микроби во улога на био-сигнали. Redhouse веќе има изработен и тестирано вакви тули од рециклирани мартеријали, како и некои прототипови на моделот. Целата постапка околу оваа машина, заклучно со почетокот на нејзината комерцијална употреба, се очекува да заврши во текот на 2018 година.

biocycle 5

biocycler

Испрати коментар

Scroll To Top