Депониите за автомобили не се некои интересни места. Познати уште како автомобилски „гробишта“, тие се запустени со по некој пес и чувар. Но, кога целата таа метална маса настојувате повторно да ја употребите, тогаш нештата стануваат интересни. А огромна машина која меле автомобили – тоа е веќе атракција. Видео снимката од еден отпад во Германија покажува како машината просто „ги јаде“ автомобилите, по што се одвојува металниот од останатиот отпад. Некој се пошегувал со интересен коментар: „Чак Норис се обидел да ја користи оваа машина како прибор за бричење. Но потоа морало да се заменат ножевите“.