Nomon е една од дизајнерските куќи во Европа, позната по создавање авангардни парчиња.
Познато по својот впечатлив домашен мебел, студиото сакаше да додаде современо и визуелно интересно парче во својата колекција. Во потрага по еден таков дизајн, Nomon Homes ја повика куќата Mermelada Studio за дизајн на производи и уметничка режија од Барселона за нив да создаде уникатна маса. Резултатот е парче мебел, маса инспирирана од птици, наречена Rara Avis.
Во превод од латински „ретка птица“, Rara Avis е спој на уметнички и занаетчиски вештини. „Rara Avis се дефинирана како нешто што е невообичаено или исклучително. Потеклото на зборот доаѓа од латински и се однесува на ретки птици“, наведуваат од Mermelada Studio.
Rara Avis е направена од дрво и мермер и функционира како класична маса. Завршено од орев, парчето мебел е создадено од склоп на основни геометриски форми кои се движат од сфера до конусен елемент кој е паметно инкорпориран во дизајнот. Покрај природното фурнирано дрво од орев, има и кафеава мермерна основа „rosso levanto“. Заедно создаваат скулптурно парче во форма на птица.
Масите Rara Avis добро функционираат покрај кауч или како ноќна маса, и дома и во комерцијални простори. Во моментов масата е достапна во две верзии, едната пониска и поголема, а другата повисока и потесна. Масата ќе биде изложена на Salone del Mobile 2023 и сигурно ќе привлече големо внимание.