Компанијата FurniQi креираше современа маса чиј што дизајн и концепт се базира на најновите достигнувања на технологијата, односно истите може да служат како полнач за вашите телефони.
Масата е целосно изработена од дрво и во себе содржи безжична технологија за полнење на телефонот, кој што се полни само со поставување на телефонот или таблетот на масата без потреба од дополнителен полнач.
Ваквиот пристап кон дизајн на мебелот претходно го употреби светски познатата компанија ИКЕА кои што исто така создадоа линија производи со својство за полење на телефоните.