Италијанскиот дизајнерски бренд VGnewtrend или VG е познат по создавањето на уникатни и автентични предмети за уредување ентериер.
Компанијата со седиште во Тревизо прави елегантни маси користејќи различни материјали во комбинација со брилијантна италијанска изработка. Скапоценост во нивната колекција на маси е необичната маса во форма на лист која се истакнува со својот дизајн и изгледа како вистинско уметничко дело.
Наречена „Leaf Table Venezia“, плочата на масата е од два слоја стакло (секој слој 10 mm) каде се наоѓаат тенки парчиња дрво добиени од дабови столбови кои се користени за обележување на пловните канали на венецијанската лагуна илјадници години.
Комбинирајќи ја уметноста и архитектурата, VG му оддава почит на градот Венеција преку оваа елегантна маса.
Масата има асиметрична основа изработена од брусен месинг на која се поставени метални ногарки во иста завршна обработка.
„Leaf Table Venezia“ ја комбинира природната привлечност на дрвото со стаклото што ја одразува проѕирноста на водата. Што прави строга рамнотежа помеѓу елеганцијата на формата и конзистентноста на безвременскиот материјал.
Масата се продава по цена од 19.635 евра.