Насловна / Архитектура / Мартино Стиерли: Југословенската архитектура била во самата срж на модерноста

Мартино Стиерли: Југословенската архитектура била во самата срж на модерноста

За архитектурата создадена во бивша Југославија, особено бруталистичката, ме заинтересираа истражувањата на стручњаците. Моногу пибликации се објавуваат и на Запад, бидејќи порасна интересот за ова, досега слабо познато подрачје, барем во нашиот дел на светот. Се заинтересирав и преку прегледи на социјалните мрежи, каде се почесто можат да се видат споменици и архитектура од ова подрачје.

марио

Мартино Стиерли

Изложбата е верувам, нов придонес во истражување на недоволно истражени поглавија во историјата на светот, поделен во текот на ладната војна. И едноставно созреа времето како музеј да се позабавиме со оваа тема, ни вели Мартино Стиерли, главен кустос на Одделот за архитектура и дизајн на њујоршкиот Музеј на модерна уметност.

Поширока интерпретација

Да потсетиме, од значајната МоМА најавија дека ќе отворат изложба „Бетонска утопија: Архитектурата во Југославија 1948 – 1980“. Станува збор за прво опсежно излагање на архитектурата од подрачјето на поранешна Југославија во Соединетите Американски Држави. МоМА повремено се занимавала со ликовната уметност од овие простори во склоп на поширока интерпретација на уметноста на источна Европа, но ова е прв пат поконкретно да се занимаваат со архитектура и тоа исклучиво со онаа настаната во бившата држава.

petrova1

Војин Бакиќ и Берислав Шербериќ – Споменик на народите на Банија и Кордун на Петрова Гора (1979-1981)

Главни соработници

За излужбата веќе пишуваа многу меѓународни медиуми, од Independent па натамо. Прво поголемо интервју по повод изложбата, откако е најавена, Мартино Стиерли дал на Јутарњи Лист. Прво како ги бирал соработниците? „Главен соработник е Владимир Кулиќ кој предава архитектура на СВВ на Флорида и своите трудови ги објавил на англиски јазик, а тука е и цел тим советници од регионот“ вели.
Изложбата ќе трае од 15 јули 2018 до 13 јануари идната година. Вклучува цртежи, модели, фотографии, исечоци од филмови, од кои некои за прв пат се во јавност. Како е поделена? „Има неколку доминантни теми. Посебно се издвоени четири архитекти, кои биле не само исклучително квалитетни автори, туку и клучни јавни фигури, интелектуалци. Со други зборови, важен ни беше контекстот на овие архитекти, нивното влијание на поширокото општество, симболот на јаки фигури. Еден од нив е Вјенцеслав Рихтер. Бил мошне иновативен во обликувањето, што особено го покажува неговиот павилјон на EXPO во Брисел со кој Југославија настапувала во 1958 година. Тој павилјон и денес е во градот, но сега е во функција на католичко училиште. Неговата иновативност се одразува и во неговите проекти од областа на синтурбанизмот.

brisel

Вјенцеслав Рихтер EXPO во Брисел, 1958 година

Потоа Богдан Богдановиќ, неговиот, би рекол надреализам, особено во споменичната архитектура. Исто така големо откритие ми беше што Јурај Неидхард, своевремено соработник на Ле Курбизје, работел во Босна. Станува збор за мошне специфичен спој на традиција и модернизам. Четвртиот е словенечкиот архитект Едвард Равникар, кој го обликувал главниот плоштад во Љубљана, а бил и политички активен“, објаснува Стиерли, кој патем речено, сите презимиња ги изговара со точен нагласок. Додава дека покрај четирите автори го воодушевиле и неколку проекти, „Тоа се хотелскиот комплекс Халудово на Крк и стадионот „Пољуд“ во Сплит на Борси Магаш, како и прекрасната Бела џамија во Високо на Златко Угљен.

едо

Едвард Равникар, Плоштад на Револуцијата, денес Плоштад на Републиката, Љубљана (1960-1974)

Темата на спомениците

Додава дека на изложбата ќе биде претставена и „работата на современите уметници кои се занимаваат со темата архитектура и споменици, како Јасмина Ќибиќ и Давид Маљковиќ“. Маљковиќ на пример се занимавал со темата на споменикот на Војин Бакиќ на Петриова Гора. Стиерли го спомена и Богдан Богдановиќ, кој е автор на дваесетина споменици, меѓу кои и Камен цвет во Јасеновац, споменик кој самиот автор го опишал како „верба во животот“. Но, многу од спомениците денес се во лоша состојба, како и многу архитектонски дела настанати во периодот кој го обработува изложбата. Се занимаваат ли со состојбата денес на овие градби и споменици? „Да, но тоа е помал дел од изложбата. Нас пред се не интересира какви биле делата изградени во периодот со кој се занимаваме“.

bogi

Богдан Богдановиќ, Споменик „Камен цвет“- логор Јасеновац, 1966 г.

Дали на изложбата посебно поглавие ќе биде посветено на спомениците, изградени повеќе илјади во Југославија и тоа со специфичен, апстрактен јазик, тема кој во последно веме му е мошне интересна на Западот? „Всушност овие споменици, кои симболизираат еден заеднички идентитет почнав да ги следам преку социјалните мрежи кои ги споменав. Не можев ниту да претпоставам колку ги има. Неколку меѓународни автори ги снимале спомениците, а за изложбата која ја работиме ги сними швајцарскиот фотограф Valentin Jeck. Да, посветено им е посебно поглавие, но акцентот не е ставен на спомениците, бидејќи за нив е веќе монгу расправано и во стручната и во пошироката јавност“.

зивковиц

Миодраг Живковиќ, Споменик на битката на Сутјеска, Тјентиште (1965-1971)

Што мислите како ќе ја прифати американската публика темата, како ќе реагира на изложбата, колку сето тоа ја интересира? „Ако зборуваме за поширока публика, не само за стручна, претпоставка е дека ова подрачје не и е многу познато. Но, кога ќе дојдат на изложбата, верувам дека повеќе ќе се заинтересираат, бидејќи квалитетот на архитектурата зборува сам за себе. Само темата брутализам во архитектурата во последно време ги полни музеите. А интересна е и темата, што со спомениците кои се настанати во некое бившо време. Не знам колку ви е познато, но моментално во Америка се расправа за обновување на спомениците од Граѓанската војна, за тоа што за уметничката вредност на споменикот значи кога тој ќе го промени значењето, контекстот во кој настанал“. Стиерли понатаму се повикува на играта на зборовите од насловот на изложбата за архитектурата во Југославија, која на англиски гласи „Concrete Utopia”. „Concrete“ во овој случај може да значи и „конкретна“ утопија и „бетонска“ утопија, зависи како читате. А утопија затоа што социјалистичкото уредување произвело и низа значајни утописки проекти“, вели.

јј

Јанко Константинов, Телекомуникациски центар во Скопје (1972-1981)

Иако во последно време тоа се менува, но дали Западот до неодамна на архитектурата од овој регион гледа како на периферна, всушност како и на уметноста, театарот од овие краеви? „Една од клучните тези на изложбата е дека југословенската повоена архитектура не била периферна, туку била во сржта на модерната архитектура“, одговара.
Со изложбата се печати и обемен каталог, а во уводот се пишува за три теми. Владимир Кулиќ, професор по архитектура на СВВ на Флорида, инаку белградски ученик, пишува на тема „братство и единство“, Мароје Мрдуљаш, теоретичар од Хрватска на тема „самоуправување“, а самиот Стиерли за „геополитичката ситуација“. За време на ладната војна Југославија го одбрала третиот пат, несврстаните. Како тоа според неговото видување се одразило на архитектурата? „Териоторијата на поранешна Југославија историски е сместена на раскрсница помеѓу Истокот и Западот. Во мошне строго поделен светски поредок, таквата позиција водела кон релативна отвореност кон обете страни. Сето тоа сигурно се одразило и на архитектонските периоди кои се протегале од т.н. интернационален стил во градење на облакодери, до бруталистичка, социјално ангажирана архитектура. Била манифест на радикалниот плурализам, хибридност и идеализам“.

Haludovo-hotel-1

хотел во Халудово на Крк (1972 г.)

Во неколку наврати сме пишувале за слободата која била допуштена, за Bob Guccione (уредникот на Penthouse кој вложил во изградбата на хотелот во Халудово, денешни 250 милиони долари) и зајчиците на Penthouse кои во седумдесетите години доаѓале на Халудово. Се точел шампањ, јадел кавијар, додека Guccione тврдел дека ја нашол формулата против ладната војна. Со нешто позериозна нота, своевремено изложбата во Лондон во Музејот Victoria & Albert, под наслов „Ладна модерна војна“, покажала како во некогашна Југославија имало повеќе слобода одошто во останатите земји на Источниот блок. Имено, изложбата тематизирала т.н. кујнска дебата, која ја воделе Хрушчов и Никсон, а во која на површина испливала свеста за важноста на архитектурата и дизајнот во прикажувањето на дострелите на земјите и идеологијата на двајцата водачи. Наведената изложба во Лондон помеѓу останатото и преку работата на уметникот Иван Пицељ и архитектот Вјенцеслав Рихтер покажала поголема уметничка слобода во земјата.

Павилјонот на Рихтер

Мартино Стиерли делумно веќе ја начна оваа тема, но верува ли баш до крај дека било така? „Рихтеровиот павилјон од Брисел, кој веќе го споменав, покажува максимален можен дофат на модернизмот во тој период. Соцреализмот се појавил непосредно по војната, но мошне брзо е напуштен. Јас, секако не сум стручњак за политички прашања, запознаен сум со говорот на Јосип Броз Тито во кој се пресметал со апстракцијата, па така и со уметничката слобода. Од друга страна бил свесен за важноста на квалитетен дизајн во обновата на земјата. Владата во секој случај ја иницирала брзата модернизација и следувал градежен бум, како би се убрзал растот на економијата и подобрил животот на граѓаните. Иако социјалистичката држава не завземала службен став за архитектонските стилови, модернистичката архитектура е прифатена низ институционалните нарачки на разни нивоа. Слободно може да се каже дека Југославија била единствена социјалистичка земја во Европа во која модернистичката архитектура е поддржувана на тој начин и тоа речиси без прекин со што се оддалечила од советското влијание“, вели Стиерли и на истата тема додава: „Исто така, а тоа ќе го покажеме и на нашата изложба, архитектите од Југославија често оделе да градат во афричките и блискоисточните земји. Со овие земји Југославија негувала политички врски, но и градежни договори. Факт е и дека Кензо Танге, еден од најголемите архитекти на епохата на меѓународно ниво, работел на обновата на Скопје после земјотресот, што Обединетите Нации потоа го користеле како пилот проект за обновувањето на градовите настрадани во потреси“.

витиц

Иван Витиќ, облакодер во Загреб (1957 – 1962)

сава

Стојан Максимович, Сава Центар, Белград (1979г.)

Нови градови

Посебни теми се изложбите на урбанизмот на Нов Загреб и Нов Белград. Конкретно, населбите на Нов Загреб до неодамна се сметаа за спални соби, но новите истражувања во последните неколку години покажале дека станува збор за населби градени по мерка на човекот. Толкувањето е дека го оствариле сонот на Ле Корбизје за живот во парк, дека се места посакувани за живеење. Што мисли за урбанизмот за двата нови дела на градот? „На местата на кои се изградени Нов Загреб и Нов Белград до тогаш немало ништо. Пред се Нов Белград, а потоа и Нов Загреб се мошне храбра рекапитулација на градот каков можел да биде во повоено време. Можат лесно да се споредат со важни повоени градови како што се Chandigarh, кој Курбизје го градел во Индија или со Бразилија на која меѓудругите работеле Лусио Коста и Оскар Нимаер. Ние на изложбата ќе ги прикажеме оригиналните планови за овие големи населби. Не се сите изведени, некои граничеле со утопија“.
Стиерли бил во поранешна Југославија, посетил некои градови. Го спомена Скопје. Што мисли како денес Кензо Танге би гледал на новото уредување, новото лице на центарот на македонската престолнина – може да се претпостави дека не би бил среќен? „Веројатно се превртува во гробот“, вели Мартино Стиерли.

Превземено од Јутарњи Лист

Испрати коментар

Scroll To Top