Насловна / Вести / Мароко: До крајот на годинава во погон најголемата соларна централа во светот

Мароко: До крајот на годинава во погон најголемата соларна централа во светот

Кон крајот на годинава, во Мароко ќе започне со работа најголемата соларна централа во светот. Се работи за централата односно комплексот  Noor (I, II и III). Изградбата на централата која ќе ги намали емисиите на CO2 за 760.000 t годишно, ја спроведува шпанскиот конзорциум TSK-Acciona-Sener. Станува збор за соларна термална централа, кај која сончевата енергија се концентрира со помош на рефлектирачки параболични површини, и се користи за загревање на термичко масло до темепаратури од 350 oC. Понатаму во топлиноизменувачи се генерира  пареа која ги задвижува парните турбини за да произведе електрична енергија.

Мароко во моментот задоволува 97% од своите енергетски потреби преку фосилни горива, а планира до 2020 година да произведува 42% од своите потреби за енергија од обновливи извори на енергија. До 2030 година се планира овој процент да достигне 52%.

Noor2

Noor3

 

Испрати коментар

Scroll To Top