Дрвениот мост по кој Сулејман I минал со својата војска до Сигет на својот поход кон Виена, поради својата импозантност, во своето време бил опишуван како осмо светско чудо. Султанот Сулејман Величествениот последен пат мртов бил пренесен преку мостот што тој самиот наредил да биде изграден за своите воени походи. Мостот бил долг 7 километри, широк 5-6 метри и ги спојувал градовите Осијек и Дарда (гратче северно од Осијек). Султанот умрел ненадејно во 1566 година токму за време на опсадата на Сигет. Постои претпоставка дека овој дрвен мост во еден дел го работел и Мимар Синан, тогаш млад архитект, а подоцна еден од најпознатите архитекти автор на Сулејмановата Џамија во Истанбул и мостот кај Вишеград.
Остатоците од дрвениот мост во 2008 година се пронајдени во рибникот на дворецот Естерхази во Дарда и биле предмет на истражување на археолозите од Хрватскиот реставраторски завод од Задар. Веднаш потоа покрената е иницијатива за обнова на мостот, односно за маркирање на неговата траса и делумна реконструкција, на што веќе работат хрватски конзерватори и стручњаци од Турската развојна агенција TICA. Во тек е подготовка на проект „Тематска рута Зрински – Сулејман“ со кој ќе се означи трасата на мостот и други остатоци од Османлиското царство, што е меѓународен проект на Унгарија и Хрвстака во склоп на ИПА проект.
Според досегашните истражувања на стручњаците, потврдено е дека мостот бил граден од косо поставени дабови столбови какви што биле типичните понтонски османлиски воени мостови, кои на горниот дел имале проодна површина. Веројатно бил прав а не кривулест како што изгледа во некои стари прикази. Се верува дека бил изграден непосредно пред битката за Сигет, но постои и теорија дека бил изграден за потребите на некои походи кои се одвивале претходо. Во неговата изградба, која била завршена за само две недели, учествувале 25.000 војници и многубројна раја. Во 1664 година Никола Зрински го запалил барањскиот дел од мостот. Градењето, постоењето и рушењето на мостот се одвивало во периодот 1526 – 1687 година. Целосна реплика на овој мост не е можно да се направи, а за обнова на некои делови заинтересирана е и Турција.
http://www.jutarnji.hr/incoming/most.jpg/4675331/ALTERNATES/LANDSCAPE_1180/most.jpg
http://features.cgsociety.org/newgallerycrits/g96/440796/440796_1316381166_large.jpg
https://pbs.twimg.com/media/CdH3_JBVAAE5Ecf.jpg
http://icua.hr/images/stories/arheoloski_projekti/Darda/darda02.jpg
http://icua.hr/images/stories/arheoloski_projekti/Darda/darda03.jpg