Насловна / Арт и дизајн / Марина Абрамовиќ и оддава почит на оперската пејачка Марија Калас

Марина Абрамовиќ и оддава почит на оперската пејачка Марија Калас

Пионерката на уметноста на перформансот Марина Абрамовиќ, доживотно и се восхитувала на грчката оперска пејачка Марија Калас (1923-1977). По операта на Абрамовиќ Седум смрти на Марија Калас во Минхен, уметницатаа сега посветува две претстави на пејачката во две галерии во центарот на Лондон.

1_resize

Именувана како Седум смрти, изложбата во галеријата Lisson, претставува серија од седум видео записи на кои се прикажува Абрамовиќ како умира седум пати, поставени на саундтрак составен од седум сола и арии од Калас.

4_resize

Во секој спот, Абрамовиќ живее во различни ликови – себе, Калас, како и улогите кои ги толкувала оперската пејачка. Работејќи со долгогодишниот соработник, холивудскиот актер Вилијам Дафо, Абрамовиќ се потпира на познатите опери и ги менува елементите на оперите, без разлика дали станува збор за прикажување на Дездемона загушена од змија, наместо да ја задават рацете на Отело, или Тоска скока од покривот на облакодерот наместо од бедем на замок.

The Seven Deaths of Maria Callas

The Seven Deaths of Maria Callas by Marina Abramovic

Во меѓувреме, во галеријата Lisson ќе бидат изложи седум автопортрети, осветлени скулптури на Абрамовиќ од алабастер кои ги населуваат овие различни ликови.

„Калас беше мојата инспирација“, вели Абрамовиќ. „Чувствував толку моќна идентификација со неа. Како и јас, таа беше Стрелец; како и јас, таа имаше ужасна мајка. Имавме физичка сличност една со друга. И иако јас преживеав скршено срце, таа умре од скршено срце. Во повеќето опери, на крајот, хероината умира од љубов“.

The Seven Deaths of Maria Callas

The Seven Deaths of Maria Callas by Marina Abramovic

7_resize

7 Deaths of Marina - Irregular alabasters

Испрати коментар

Scroll To Top