Прашањето на виртуелната реалност и вештачка интелигенција веќе не се резервирани за некои идни дискусии. Поттикнати од новите технолошки достигнувања, некои од најпознатите современи уметници во светот се одлучиле да започнат свој нов заеднички проект.
Марина Абрамовиќ, Џеф Кунс и Олафур Елиасон ја претставиле својата нова работа во рамките на платформата за виртуелната реалност наречена Acute Art.
Виртуелната галерија ќе ги истражува можностите за пренесување на уметноста од нејзината физичка форма на онлајн платформи соодветни за времето во кое живееме.
Целиот проект треба да ги претстави делата на млади и перспективни уметници, но првите претставени дела се токму на ова познато трио. Официјалниот почеток на проектот е закажан за наесен оваа година, но другите детали се уште не се познати.