Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ на 23.11.2019 (сабота) ќе се одржи настанот „Марибор во Скопје – денови на мариборска архитектура“ проследен со низа предавања и изложба.
Предавањата ќе се одржат во просториите на КОАИ:
11:00 – „Морфолошки сличности на градовите од поранешна Југославија“, д-р Андреј Шмид, архитект
12:00 – „Јавниот простор како дневен боравок на градот“, Матеја Катрашник, архитект
13:00 – „Бисери на мариборската архитектура од втората половина на 20. век“, д-р Андреј Шмид, архитект
Вечерта во 19 часот во Музејот на град Скопје изложба на Друштвото на архитекти на Марибор „Продукција 2010-2017“.