Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, вклучена е на листата на кандидати чиј портрет би можел да се најде на новата банкнота од 50 фунти. Тоа и не би било воопшто чудно, доколку не се работи за категорија во која се бара личност со посебен придонес во науката. Имено, славната политичарка не е вклучена во оваа листа поради историскиот белег во светската политика, туку поради фактот што на Оксфорд дипломирала хемија, и на почетокот од својата кариера работела за една прехрамбена компанија на развој на емулгатори за сладолед. Кампањата “Да ја ставиме Меги на новите 50 £“ е покрената пред објавата на Банката на Англија за номинирање на научници кои би можеле да се најдат на банкнотата.
Сепак, технички Тачер одговара на условите, односно навистина е поврзана со британската наука. Јаноста, не е воодушевена од предлогот, па многумина коментираат дека за среќа на листата се наоѓаат и Александар Флеминг, пронаоѓачот на пеницилинот, Розалинд Френклин, која допринела во откривањето на ДНК, како и славниот физичар Стивен Хокинг.
Првата жена премиер во Британија, и премиер со најдолг стаж во Обединетото Кралство (11 години), го доби прекарот „челична лејди“ поради својата доследност во спроведувањето на политиките и реформите без оглед на последиците по рејтингот и популарноста. И покрај огромната моќ која ја имала не само во својата земја туку и на меѓународната политичка сцена, никогаш не сакала нејзините соработници да ја ословуваат со премиере или претседателе. Тие секогаш и се обраќале едноставно со Маргарет.