Насловна / Арт и дизајн / Марчело Баренги еден од најдобрите хиперреалисти

Марчело Баренги еден од најдобрите хиперреалисти

Марчело Баренги е илустратор, дизајнер и сликар роден 1969. година и пораснат во Милано.

марчело4

Цртал уште кога бил 18 месечно бебе, но правата страст за цртање му се појавила кога тргнал во основно училиште и почнал да ги црта своите омилени ликови од цртани филмови и стрипови. На 11 години ја освоил првата награда учествувајќи на ТВ натпревар со карикатура на италијански фудбалер. Водителот објавил „првата награда оди кај господинот Марчело Баренги “, не сфаќајќи дека е можно да се работи за дете. Тоа се години кога неговите родители сфатиле дека мора да ги охрабрат неговите уметнички вештини.

марчело2
Во средина на 80-тите години го посетувал уметничкото училиште „Boccioni” во Милано каде почнал да црта примери од животот, користејќи јаглен и молив, а ги научил и темперните техники, акварел и тродимензионално моделирање со глина. По средното училиште се запишал на Школата за илустрација „Arte e Messaggio” во дворецот Сфорца во Милано. Неговите учители за прв пат почнале да зборуваат за неговиот личен хиперреализам.

марчело3
Во средината на 90-тите години, се чини дека кризата и компјутерската графика го означуваат крајот на традиционалната илустрација. Затоа одлучил да престане да црта и продолжи да учи, да дипломира архитектура и положи стручен испит на Политехничкиот универзитет во Милано. Па така, дваесет години откако се откажал од цртањето, додека гледал некои видеа за цртање на YouTube, одлучил да отвораи канал и да започне нова авантура ….

марчело6

Hyperrealistic drawing fried egg by Marcello Barenghi
Денес неговите видеа се едни од најпосетените и се смета за еден од најдобрите хиперреалисти на светот. Алатот кој го користи за цртање најголем дел се моливи и пенкала, особено бел молив и гел бело пенкало, четки за акрилни бои, дрвени боици, фломастери и маркери.

Crushed Plastic Bottle - Hyperrealistic Drawing
Тука можете да погледнете како црта.

Испрати коментар

Scroll To Top