Денес (5 август), во Рио де Жанеиро во Бразил, ќе биде свеченото отворање на Летните Олимписки Игри кои веќе започнаа два дена пред официјалното отворање, а ќе траат до 21 овој месец.
Годинава се натпреваруваат рекорден број земји кои ќе испратат 11.000 спортисти, а за прв пат ќе биде подигнато знамето на Косово како и на Јужен Судан.
ЛОИ 2016 вклучуваат 28 олимписки спортови, кои ќе се одвиваат на 33 спортски терени во Рио, пет во Сао Паоло, Бело Хоризонте, Салвадор, Манус и Бразилија.
Голфот и рагбито ќе бидат „новите“ спортски дисциплини на Олимписките игри, за кои пуштени во продажба се 7,8 милиони карти, а до сега нешто над 1 милион остануваат непродадени.
Официјалната маскота на ЛОИ е животното „Винициус“, кое претставува спој на мачка, птица и мајмун.
Сепак самиот старт поминува со низа контроверзности, со нестабилност во Владата, со предупредувања по здравјето од вирусот „зика“ како и со забрана за одреден број руски спортисти.
Свеченото отворање на Летните Олимписки Игри ќе биде на легендарниот бразилски стадион „Маракана“, кој досега бил домаќин на Светското фудбалско првенство во 1950 година и на Светското првенство во фудбал 2014 година.
Стадионот „Маракана“ (на португалски Estádio do Maracanã, а официјалното име е Estádio Jornalista Mário Filho) е стадион во сопственост на Рио де Жанеиро и е еден од најголемите во светот.
Стадионот своето неофицијално име Маракана, го добил по истоимената област во која се наоѓа. Инаку, зборот маракана претставува вид на папагал од северниот Бразил.
Како домашен стадион го користат два од четирите најголеми бразилски фудбалски клубови во Рио: ФК Фламенго и ФК Флуминенсе.
Градењето на стадионот започнало на 2 август 1948 година, и од тогаш бил три пати реновиран, односно во 2000, 2006 и 2013 година.
Стадион е изграден за светското првенство во фудбал, кое е одржано во Бразил 1950 година, со првобитен капацитет од 200.000.
Капацитетот бил значително намален, кога биле поставени сите седечки места, во 90-тите година на 20 век.
Моменталниот капацитет по реконструкцијата извршена во 2013 година е 78.838 седечки места.
Архитекти на стадионот се Waldir Ramos, Raphael Galvão, Miguel Feldman, Oscar Valdetaro, Pedro Paulo B. Bastos, Orlando Azevedo и Antônio Dias Carneiro.
Последното реновирање на стадионот во 2013 година било направено од страна на архитектонското студио Fernandes Arquitetos Associados од Сао Паоло.