Насловна / Вести / Mапирање на јавните простории во Скопје

Mапирање на јавните простории во Скопје

Skopje_bulevard_kliment_ohridski_resize

Град Скопје ја реализираше стратешката цел 5. „Развивање ефикасни механизми и модели за употреба на јавен простор/отворен простор во културата“ од „Стратегијата за развој на културата на Град Скопје 2012-2015“, со тоа што изврши мапирање на јавните простори во Скопје, погодни за оддржување на јавни настани и манифестаци, со цел отвoрање и промовирање на овие простори за креативна, уметничка, културно и социјално ангажирана продукција, како и за спроведување на забавни, спортски и други иницијативи и општествено-промотивни активности.
Оваа активност се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и културните работници и уметници кои во текот на изготвувањето на Стратегијата за развој на културата, го акцентираа како проблем одсуството на евидентиран преглед на постојани и расположливи јавни и отворени простори на територија на Скопје кои се во надлежност на Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
Изработката на мапата се одвиваше во соработка со oпштините во Градот Скопје, кои доставија информации за јавни локации и површини што се во нивна надлежност.
Мапата може да се подигне и да се види и преземе во пдф формат на следниов линк http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Lokacii%20na%20teritorijata%20na%20grad%20Skopje.pdf.pdf, а истите податоци, во наредниот период, ќе бидат поставени и на апликацијата ГИС за граѓани на ГИС порталот на Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top