Кариерата на познат архитект долга педесет години влијаеше врз работата на голема група негови колеги, а дизајнот на Френк Лојд Рајт го промени гледиштето за можностите и начините на изградба на домови, особено во САД. Многубројни се примерите на наеговите резиденцијални објекти, поради тоа од Home Advisor направиле мапа на неговите најрепрезентативни куќи, кои би требало да ги види секој архитект.
Работата на Рајт со тек на годините станува се позначајна и преку разни активности се спроведува процес на зачувување на неговите објекти. Неодамна, осум негови проекти се најдоа на листата на светско наследство на УНЕСКО.
„Составивме листа од 37 држави во кои се изградени резиденцијални објекти по проект на Френк Лојд Рајт. За понатамошно развивање на идејата, собравме информации за работата на архитектот од голем број доверливи извори. На списокот се најдоа урнати, оштетени, реновирани и обновени објекти, како и оние изградени по смртта на Рајт, односно по 1959 година. За изработка на конечната мапа, избравме куќи со најголемо историско или архитектонско значење “, велат од Home Advisor.
Како излгледаат куќите:
Алабама – Rosenbaum House (1939)
Аризона – David & Gladys Wright House (1950)
Арканзас – Bachman-Wilson House at Crystal Bridges (1954)
Калифорнија – Hollyhock House (1917)
Конектикат – Rayward-Shepherd House (Tirranna) (1955)
Делавер – Dudley Spencer House (Laurel) (1956)
Флорида – Lewis Spring House (1954)
Хаваи – Frank Lloyd Wright House (1995)
Aјдахo – Archie Teater Studio (Teater’s Knoll) (1952)
Илиноис – Avery Coonley House (1907)
Индијана – KC DeRhodes House (1906)
Aјова – Stockman House (1908)
Канзас – Allen–Lambe House (Henry J. Allen House) (1915)
Кентаки – Reverend Jesse R. Zeigler House (1910)
Мериленд – Robert Llewellyn Wright House (1953)
Масачусетс – Theodore Baird House (1940)
Мичиген – Robert and Rae Levin House (1948)
Минесота – Elam House (1950)
Mизури– Pappas House (1960-1964)
Небраска – Harvey P. and Eliza Sutton House (1905)
Њу Хемпшир – Toufic H. Kalil House (1955)
Њу Џерси – JA Sweeton Residence (1950)
Вајоминг – Quintin Blair House (1952–53)