Шанса за Центар изработи мапа на издадени и побарани одобренија за градење во Општина Центар.
Дел од податоците за градежните дозволи се објавени во Службените гласници на интернет страницата на Општина Центар и тие локации се ставени на мапата.
Има уште одобренија за градење кои ги издала општината за кои нема јавна информација. Ова се само дозволите за кои општината не успеала преку пошта да ги извести соседите дека блиску до нив ќе се градат објекти, па морале тоа да го објават јавно во Службениот гласник.
Ако постои ваков систем, лесно ќе се забележува и ако некој гради диво, велат Шанса за Центар и додаваат дека со вакво информирање ќе овозможат вклучување на граѓаните и јавноста.
Мапата има над 20 илјади прегледи за издадени одобренија за градење во Општина Центар за само дваесетина дена!
Ова само покажува колкав е интересот и потребата за вакво транспарентно објавување и прикажување на податоците за градежните дозволи.
Од Шанса за Центар велат дека новите податоци се добиени на неколку начини: преку барање за пристап до информации од јавен карактер, преку фотографии кои ги испраќаат граѓаните од информативните табли на градилиштата на кои никнуваат нови објекти и преку пребарување на огласите на дневните весници за објави за издадени градежни дозволи. Тоа значи дека откриле дополнителни канали од каде може да се црпат овие информации и да се мапираат.
Мапата ќе се ажурира постојано со сите нови податоци до кои ќе дојде Шанса за Центар.
Кликнете на мапата за да видите каде, за какви објекти и за кои инвеститори годинава, но и претходно, се издадени градежни дозволи. Локациите се мапирани од најновите кон постарите, според датумот на Службениот гласник кога се објавени.
Погледнете каде сѐ, се издадени одобренија за градење:
https://www.google.com/maps/d/viewer…