Со црковни обичаи, вчера беше осветена новоизградената порта на влезот од манастирскиот комплекс Св. Наум во Охрид.
На осветувањето што го изврши митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј, присустуваа црковни лица, бројни верници, како и претставници на локалната самоуправа, меѓу кои и градоначалникот Никола Бакрачески.
Покрај изградбата на портата, во манастирскиот комплекс во Св. Наум се поставени типизирани куќички за продажба на сувенири, изграден е нов санитарен јазол и инфраструктура, а во тек е и хортикултурно уредување на просторот.