Насловна / Вести / Малме – град со висока еколошка свест

Малме – град со висока еколошка свест

Шведска е во самиот светски врв на земји кои се грижат за заштита на животната средина, а некои нејзини градови се единствени во светот кога станува збор за овие прашања. Градот Малме има цели квартови како на пример Augustenborg, каде високата еколошка свест на граѓаните е забележлива на секој чекор.

Комуналната служба го собира отпадот со помош на коњски запреги, а работата како комунални работници главно ја извршуваат Швеѓани. Многумина од нив имаат факултетски дипломи, но утврдиле дека оваа работа им причинува задоволство. Работата е исклучително добро платена, па тие не се ни малку оштетени и во материјална смисла.

malme (4)

Градските власти поддржуваат основање на здруженија кои волонтерски ја уредуваат околината или пак садат цвеќе, овошје и зеленчук од што имаат повеќекратна корист.

Малме е исто така, град кој има решение за справување со поплавите, и долгорочно работи на збогатување на биодиверзитетот.malme (2)

Познат е случајот со кинескиот повеќемилионски град Tangshan, кој е изграден врз основа на искуствата од Малме. Притисокот на кинеските градови денес е огромен, односно 15-20 милиони нови жители во градовите има секоја година. Tangshan Bay Eko-City е новиот дел на градот Tangshan, кој е изграден со цел проширување на капацитетот на новите населби и создавање на нови работни места. Во изградбата учествувале шведски експерти и применет е шведскиот пример на изградба со систем на поврзани канали. Водата со канали се насочува на повеќе нивоа – градско ниво, дистриктно (окружно) ниво, и квартно ниво со зелени покриви како додаток. Оваа вода може да се користи за залевање на зелените површини и околните фарми.malme (3)

Во Малме, населбата Augustenborg е пример за вакво користење на водата. Оваа населба во минатото имала големи проблеми со поплави, но тоа е решено токму со поставување на најголемиот зелен покрив во Скандинавија кој се протега на 9.000 квадратни метри, и систем на поврзани канали. Биодиверзитетот во населбата е збогатен за 50%, а населбата добила убав и модерен изглед. Со тоа се создадени услови за живеење во симбиоза со природата, што е навистина реткост за урбаните населби.Malme u Švedskoj: Grad s visokoobrazovanim komunalcima i zečev

 

Испрати коментар

Scroll To Top