„LuOgo – Градиме заеднички простор“ е проект на архитектонското биро Orizzontale во партнерство со Edilpiù, кој ќе ја реактивира градината во подножјето на тврдината Rocca Estense, своевиден бастион во историскиот центар на градот Луго (Равена), Италија.
Orizzontale во синергија со Edilpiù, ја преземаат идејата за номадска архитектура, земајќи го кругот како најнепосреден начин преку кој се идентификува местото, како основачки чин и неинвазивен гест. Според оваа идеја, ЛуОго го трансформира, со својата кружна структура, тревникот на Пјаца деи Мартири, конституирајќи нова централност во градот, нов простор на заедницата.
„Плаза Мајор де Луго е монументален простор, во кој наслојувањето на историјата преку градителското наследство создава цврста и трајна слика. Во исто време, овој голем уреден и мерлив простор секојдневно го минуваат неконтинуирани и непредвидливи текови. Во оваа дијалектика помеѓу дефинираниот урбан контекст и непрестајната трансформација диктирана од човечкиот фактор, ефемерната архитектура, која по дефиниција е минлива, наоѓа нова релевантност и нови форми на изразување.
ЛуОго е повеќеслоен простор, затворена и пропустлива интервенција, јавен простор, просторија на отворено и фина мембрана која окупира дел од јавната површина, давајќи му статус на место, благодарение на моменталните формативни интеракции меѓу луѓето.
Процесот на создавање на истата, траел помалку од една недела (18-24 јуни), чија што структуралност се отелотвори на работилница отворена за жители, студенти и млади професионалци, со вкупно 15 учесници. Поради природата на просторната интервенција, може да се посети во текот на целата летна сезона.
Вмрежувањето на едноставни и функционални модули, која овозможува бесконечни конфигурации, локација достапна за сите, каде што може да коегзистираат различни намени. Збогатена со тераси, лулашки, лизгалки и лежалки, периметарската дрвена конструкција е опремена со LED осветлување и заштитена со листови за сенка и метални мрежи покриени со качувачки растенија, за да претставува ритам во визуелниот резултат и неопиплив филтер за заштита помеѓу просторноста внатре – надвор.
Ваквиот обид на Orizzontale во синергија со Edilpiù, го реинтерпретира концептот на влезната партија (пред просторот), замислувајќи го како заеднички простор, а не како граница, со цел заедницата да им се врати на малите колективни урбани центри.