Креативните начини да се подигне уживањето во природата на повисоко ниво се сè побројни и пооригинални, а последни во серијата се мали кабини кои се идеални за привремено уживање на кое било место во природата, особено на локации каде што нема услови за класични туристички капацитети.
Американскиот уметник Андреа Цител е заслужен за почнувањето на проектот наречен „Wagon Station Encampment“, што овозможува специфичен начин на престој во природа, па дури и на места каде што е невозможно да се изгради или состави куќа или некој друг привремен или постојан туристички објект.
Целиот проект е инспириран од филмови од научна фантастика, и се состои од 10 мали кабини поставени во пустината Мохаве во Калифорнија. Секоја кабина е опремена со најнеопходните работи за престој во природа, како душек за одмор и спиење, полици за работи, простор за чување облека и прозорци од кои можете да ги набудувате пејзажите што ве опкружуваат.
Од овие кабини, направен е првиот камп од овој тип во светот, а целиот концепт е комплетиран со заеднички простор што вклучува кујна и бањи. На овој начин, посетителите можат да запознаат нови луѓе и да се дружат или да поминуваат време сами во својата кабина, во зависност од нивните сопствени афинитети.
Интересно е што првиот камп од ваков тип е лансиран во многу недостапни области, т.е. во пустина исполнета со карпи, кактуси, песок и исушени солени езера. Овој избор е направен со цел да се демонстрира што е можно поефективно функцијата на малите туристички кабини бидејќи тие се идеални за недостапни области, за пократок престој, но исто така и за оние за кои удобноста е помалку важна од позиционирањето далеку од добро познатите туристички рути.
Овој камп во Калифорнија е отворен за јавноста двапати годишно, а една „соба“ може да се резервира за околу 100 евра, вклучувајќи и такса за одобрување за престој во кампот.