Иако сите сонуваме за експанзивни спални соби во кои ќе има повеќе простор од оној што ни е неопходен, повеќето од нас не можат да си го дозволат тоа задоволство. Помалите, оптимални спални соби, какви скоро сите ние имаме, секогаш можеме да ги уредиме на начин на кој потполно ќе го искористиме просторот.
Во продолжение ви прикажуваме фотографии од прекрасно уредени спални соби, кои на своите корисници им пружаат одличен амбиент и целосен комодитет.
online casino wp-image-66986″ alt=”2-spalna-soba” src=”https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2015/11/2-spalna-soba.jpg” width=”620″ height=”412″ />
Според фотографиите, пропорциите на просторот и мебелот, oчигледно е дека овие спални соби и не се така мали, туку за наши услови и “преголеми” спални соби…поточно, ги нарекувам “преголеми” според она што се нуди на пазарот како простор за домување, каде површината на спалната соба е во просек точно толкав колку што е самиот кревет на сликиве. Бројни примери на понуди на повеќесобни станови, каде инвеститорот те убедува дека бројот на собите е меродавен, а не површината….
Па добро, тука станува збор за нормални, стандардни спални соби, кои не изобилуваат со вишок на простор (затоа се наречени мали). Субстандардните спални соби кои се моментално на пазарот низ Македонија а особено во Скопје, не исполнуваат ниту еден архитектонски норматив и истите се направени само да го поделат просторот за спиење од останатиот простор, за малку пари да се добие макар двособен стан (кој во нормални услови не би бил ниту гарсониера) и сето ова е резултат на малата куповна моќ на населението.
ЗАКЛУЧОК: Далеку сме ние од светските и европските стандади, ова се примери собрани од целиот свет а во светот, особено богатиот свет кој има услови да си приушти простор и истиот со вкус да го уреди, нестандардните спални соби како овдешните не им исполнуваат услови ниту како остави.