Насловна / Вести / Малезија планира да го забрани извозот на технолошки минерали

Малезија планира да го забрани извозот на технолошки минерали

Малезија планира да го забрани извозот на технолошки минерали и да ја развие домашната индустрија кој ќе го опфати целиот вредносен синџир. Технолошките минерали се важна суровина за производи како што се чипови, ласери и магнети кај електричните возила и ветерните турбини, како и во потрошувачката електроника. Во јавноста се познати под името „ретки минерали на Земјината кора“. Малезија има само 30.000 метрички тони резерви на овие метали, што е многу мал дел во глобалните резерви. Кина има најголеми резерви, кои според некои проценки изнесуваат 44 милиони тони.

????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Во моментот не е јасно за кои точно метали ќе с еоднесува забраната на извозот, ниту кога оваа забрана ќе стапи на сила. Секторот на технолошки минерали би требало до 2025 година да и донесе на земјата околу 2 милијарди долари и да придонесе за отворање на речиси 7.000 работни места. Оваа најава за забрана на извозот, привлече големо внимание, бидејќи западните земји трагаат по нови извори на набавка со цел да ја намалат зависноста од Кина. Австралиската компанија Lynas Rare Earths, која е најголем производител на технолошки метали надвор од Кина, токму во Малезија има свој погон за преработка на концентрат кој го добива од Австралија. Но, Малезија стави ограничувања з аодредени сегменти од работењето на оваа компанија, тврдејќи дека одредени технолошки постапки се штетни за животната средина.

rareearths2

Испрати коментар

Scroll To Top