Насловна / Вести / Малезија ќе им го враќа отпадот на развиените земји

Малезија ќе им го враќа отпадот на развиените земји

Малезиските власти изјавиле дека ќе вратат огромни количини нерециклирачка пластика на странските земји. Како што се наведува, отпадот ќе им биде вратен на развиените држави, меѓу кои се САД, Велика британија, Канада и Австралија.  Малезија сака да спречи да стане место за истовар на отпадот од богатите земји.  Министерката за животна средина вели дека 60 контејнери полни со контаминиран отпад се прокриумчарени до илегалните постројки за преработка на отпад во Малезија.  Таа вели дека во рок од две недели ќе бидат вратени 10 контејнери со отпад, чија содржина ја покажала на новинарите во пристаништето кај Куала Лумпур.

malaysia3

malaysia4

Прикажаниот отпад вклучува кабли од Велика Британија, контаминирано млеко од Австралија и CD-a од Бангладеш. Исто така, прикажан е и електронски отпад од САД, Канада, Јапонија, Саудиска Арабија и Кина.

malaysia2

 

Испрати коментар

Scroll To Top