Насловна / Вести / Малата депонија во ОХИС заштитена со метална конструкција

Малата депонија во ОХИС заштитена со метална конструкција

Малата депонија со опасен отпад која се наоѓа во кругот на ОХИС е заштитена со голема метална конструкција со што ќе се избегне било какво разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископува.

OHIS

“На ОХИС како жешка точка број еден во земјата гледаме како на историски проблем на чие што решавање посветуваме многу внимание и енергија, и тоа мора еднаш целосно да се реши. Поставена е голема метална конструкција со доста сложена организациона структура, со што ќе се избегне било какво разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископа од малата депонија, а со тоа ќе се заштити околината и населението кое гравитира во поширокиот реон околу депонијата. Веруваме, дека почнувањето со ископот, ќе тече според планираното и во најдобар ред, како што ветува и изведувачот „Полиеко“, вели министерот Насер Нуредини, кој заедно со претседателот на Владата Димитар Ковачевски, евроамбасадорот Дејвид Гир и шефот на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, Микела Телатин, ја посетија локацијата на малата депонија во Охис.

На почетокот на оперативната фаза, изведувачот „Полиеко“ ќе спроведе обуки на персоналот за ископување и ракување со отпад од HCH, процес на ископување, пакување, складирање и реставрација на локацијата.

OHIS1

 

Испрати коментар

Scroll To Top