Во првиот ред до морето, на маса во еден од рестораните или кафулињата во „Мала Венеција“, на момент барем ќе помислите дека се наоѓате во Италија. Но, станува збор за Грција, поточно островот Миконос. Симпатичните куќи од 18-тиот век, мирисот на морето, цвеќињата кои ги прекриваат ѕидовите на ниските куќички и дрвените балкони, придонесуваат за бајковитоста на еден од најживописните краеви на островот. Архитектурата во венецијански стил е една од причините зошто овој дел од Миконос го заработил својот прекар. Но, некои ќе речат дека магнетски привлечната „Мала Венеција“ е поубава. Некогаш Миконос бил важна станица на патод од и кон Италија, па влијанието на венецијанската култура е навистина сеприсутно на целиот остров.
Освен живописната и автентична архитектура, интересни се и ветерниците од 16-тиот век. Една од нив е претворена во уникатен Земјоделски музеј. „Мала Венеција“ е една од омилените дестинации за уметниците и фотографите, и се смета дека е еден од најфотографираните квартови во Европа.