Оваа мала светилка за читање во форма на куќа е и совршен држач за вашите омилени книги. Всушност, има моќ да почувствува кога ја ставате вашата книга на нејзиниот кров – автоматски се вклучува за да го осветли просторот и служи како држач за да запомните каде сте застанале со читање. Оваа светилка е всушност 3 во 1: совршена светилка, држач за книги и обележувач на прочитани страници.
Креирана од дизајнерите Eunae Ko и Janchi, светилката за читање Boof добива изглед на мала куќа осветлена ноќе. Во ерата на електронски содржини, традиционалната книга се спротивставува на промените на секој можен начин, а нејзините страници остануваат резервирани за оние најверни читатели на кои читањето им е совршен начин да се заврши денот.
Оваа мала светилка за читање генерално дифузира мека светлина на книгата или подобро кажано: самата книга станува извор на светлина. Со поставувањето на книгата на нејзиниот кров, светилката свети како мала куќа осветлена во темна ноќ.
Светлината на оваа светилка е мека и смирувачка што дефинитивно ќе ви помогне подобро да се концентрирате на читањето во темнината на вашата спална соба. Дури и ако заспиете во тие моменти – не грижете се, само ставете ја вашата книга на врвот на кровот и следниот ден ќе можете лесно да ја пронајдете точната страница на која сте престојувале претходната ноќ.