Едносемејната куќа е проект на Sumiou Muzimoto, а се наоѓа во Kyoto Јапонија. Нејзиниот план нуди решение за тоа како да се дојде до богата светлина во мал простор. Трпезаријата го зазема централниот дел на куќата така што прави впечаток како да е распрснат просторот таму. Ова е местото што ги обединува семејните врски а исто така спроведува и функционалност бидејќи тука се поставени скалите.
Внесувањето светлина и проветрувањето е направено со корситење на стари материјали, како и со отворање на гомеми отвори така што се создава еден шармантен простор каде секаде може да се чувствуваме удобно.