Во Копенхаген, главниот град на Данска, од неодамна е отворена продавница The Shop of the New за разни дизајнерски нешта. Ентериерот и севкупниот концепт на оваа мултидизајнерска продавница изгледа инспиративно за сите што влегле во неа.
Продавницата ја отвори дизајнерското дуо кое долго време работи под името Københavns Møbelsnedkeri (Copenhagen Joinery), а освен својот дизајн вклучени се и други врвни производи на други брендови, создавајќи вистинска мала оаза на дизајнерски производи почнувајќи од ламби, столици, постери, дрвени предмети, скејтборди, опрема за кујна и многу други мали нешта. Одлична комбинација на скандинавски дизајн, идеи и стил.