Група шпански архитекти направиле мала монтажна куќа со интегриран соларен покрив. Куќата се вика „ViVood“, изработена е од борово дрво, енергетски е ефикасна, и може да се приспособи на разни големини и потреби.
Куќата лесно може да се пренесува на различни локации, па дизајнерите истакнуваат дека е идеална за кампови. За монтажа и демонтажа потребни се само девет часа, а цената се движи од 4.900 до 17.000 евра во зависност од површината.