Насловна / Архитектура / Мала монтажна куќа направена од бетон и челик која се поставува за еден ден

Мала монтажна куќа направена од бетон и челик која се поставува за еден ден

Аргентинската компанија „Грандио“ ја дизајнирале монтажната куќа „Хуга“ од 45 квадратни метри, која ги има сите потребни простори и капацитети за нормален живот на едно семејство.

kuka2

Сепак, главната карактеристика на проектот е необичната комбинација на утилитарна надворешност и изненадувачки светла и суптилна внатрешност.

kuka1

Изградбата на куќата „Хуга“ е направена во комбинација на армирано-бетонски плочи, кои ја формираат фасадата, подот и покривот и челични портали за преклопување, кои ја зацврстуваат конструкцијата и ја прават зградата безбедна во сите средини. Благодарение на оваа монтажна конструкција, куќата може да биде функционална не само на завеани планини, туку и во морска околина изложена на силни ветрови, пишува Dwell.

kuka3

Мултидисциплинарната фирма „Грандио“ е водена од два пара архитекти и инженери, заедно со неколку универзитетски професори. Заедно со студентите на кои им предавале, тие ја дизајнирале монтажната зграда „Хуга“, која е погодна за секој што сака достапно и безбедно решение за домување.

kuka4

Името на проектот „Хуга“ се однесува на изворот на инспирација на тимот, данската филозофија на Хиг, која, меѓу другото, промовира опуштен живот исполнет со задоволство. Имајќи го ова предвид, тимот се обидел да направи синтеза меѓу удобен и осветлен простор и издржлива конструкција што може да се пренесе на различни локации, каде што ќе преживее без страв од влијанието на ветерот, снегот или другите климатски услови.

kuka5

Првичниот модел на куќата „Хуга“ има вкупна површина од 45 квадратни метри, што е многу паметно користен, така што има доволно простор за складирање, како и сите потребни простории. Дневната соба и кујната се организирани во отворен концепт, а на приземјето има спална соба и бања. Друга спална соба се наоѓа во галеријата.

kuka8

Голем број фасадни отвори прават светлината да навлезе пријатно во внатрешноста и да направи просторот да изгледа поголем отколку што е. Високиот таван придонесува и за визуелното проширување на просторот.

Челичните врати на предниот дел од куќата имаат двојна функција, едната е да се заштити влезот во објектот, а кога ќе се подигнат, во функција се настрешниците.

kuka9

Оваа единица за домување не бара поставување темели и целата зграда често може да се инсталира за еден ден.

„Грандио“ велат дека за време на пандемијата „Ковид-19“, добиле сè поголем број барања за куќата „Хуга“ и се здружиле со добавувачи на готови бетонски елементи низ Америка, за да го олеснат производството и испораката. Доколку има интерес, можни се испораки и во Европа.

kuka6

kuka7

Испрати коментар

Scroll To Top