Насловна / Екологија / Мала куќа од слама

Мала куќа од слама

00-jeffri-house
Куќата „Џефри“ е проектирана и изградена на самото место од страна на архитектот О’ Брајан и уметникот Манион. Оваа куќа во потполност е направена од слама и дрвени рамки во шумскиот парк Ардс во Ирска. Се работи за прва архитектонска инсталација во шумскиот парк, по нарачка на Градското собрание, а во соработка со Ирската архитектонска фондација (IAF – Irish Architecture Foundation) и е претставена на Фестивалот на уметноста на 27  јули.

53eaa81ec07a80c384000272_jeffry-s-house-emily-mannion-thomas-o-brien_jeff_015
Името го добива по езерото Џефри, кое се појавува на старите мапи, но денес не постои. Поставена на работ од шумата, оваа куќа пружа извонреден поглед на морето и плажата, но и на планините во заднина. Дизајнирана во склад со природата, куќата е издигната над земјата со што мали билки и цвеќиња можат да растат под самата куќа. Сите коси ѕидови, кои воедно се и покрив на градбата, се потпрени со дрвени столбови и обложени со слама.

53eaa802c07a80388e00020c_jeffry-s-house-emily-mannion-thomas-o-brien_jeff_013

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top